Супермоделот на Плејбој, Русинката Марија Лиман, важи за најубава фудбалска навивачка уште од мундијалот што во 2018 година се одржа во оваа земја.
Таа го крена гласот за случувањата во Украина, барајќи што побрзо прекинување со воените дејствија на руската армија.
„Ние Русите сме единствени луѓе, талентирани, паметни, весели, љубезни. Не може секој да управува со така голема земја, затоа го избравме Путин, кој е лидер што се грижи за својот народ. Јас верувам во него и во неговата мудрост, но барам само една работа – да се престане со воените акции поради кои Русите и останатите братски народи не можат мирно да спијат. Седнете на преговори и најдеше решение, затоа што сите патиме во оваа ситуација“, напиша Марија Лиман.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА