Американската голферка со хрватско потекло, Пејџ Спиранац е прогласена за најсекси спортистка на светот за 2020 година. Токму поради тоа се одлучи да овозможи задоволство на сите нејзини фанови да одиграат партија голф со неа.
„Придружите ми се, ќе биде интересно! Ова е ваша шанса да играте голф против мене“ – повика Спиранац која најпрво почна како гимнастичарка со сон да ги претставува САД на ЛОИ. Но, откако го повреди коленото, потоа го одбра голфот. И не погреши.
Комбинацијата на умешност на голф терените и нејзината убавина ја лансираа како една од најпопуларните светски спортистки.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА