Португалскиот интернационалец Фабио Коентрао е фудбалерот со најмала минутажа во тимот на Реал Мадрид оваа сезона, ако не се смета третиот голман на „кралевите“, Јанез. Воедно, тој е и најскапиот, односно фудбалерот што прави најголем трошок за раководството, ако се гледа ефектот што го има на теренот. Прецизните статистичари на шпанскиот дневен весник „Ас“ пресметаа дека Коентрао е платен неверојатни 53.333 евра по минута, за тоа што го мина на теренот оваа сезона. А досега одигра само 150 минути во сите натпреварувања.
Фабио Коентрао го засили Реал Мадрид во 2011 година и потпиша шестгодишен договор за сума од 30 милиони евра, а потоа и дополнително го продолжи договорот до 2019 година. Но, тој многу ретко добива шанса од Зинедин Зидан, па дури и кога Марсело е повреден или суспендиран, тогаш Начо влегува на неговата позиција како лев бек.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА