Најскап состав на светот – Тимот на Гвардиола вреди 777 милиони фунти

Фудбалскиот обзерваториум „Си – Ај – И – Ес“ ги истакна десетте најскапи фудбалски екипи според вредноста на играчите. Составот на лидерите во Премиер – лигата, Манчестер сити, вреди вртоглави 777 милиони фунти.

Пеп Гвардиола може да е среќен што го води најскапиот тим на планетата. Сити застана на чело на оваа листа благодарение на преселбата на Емерик Лапорт од екипата на Атлетик Билбао на „Етихад“. За услугите на Французинот беа потрошени рекордни 67 милиони фунти за дефанзивец, и така „граѓаните“ застанаа пред ПСЖ.

713 милиони фунти е вредноста на составот кој го води Унај Емери – заслужено второ место. „Светците“ летово го срушија рекордот за најскап фудбалер, доведен е Нејмар од Барселона за 198 милиони фунти, но останаа „кратки“ за неколку милиони бидејќи „граѓаните“ трошеа средства и во зимскиот преоден рок, додека францускиот гигант мируваше во јануари.

По англискиот и францускиот великан следуваат Манчестер јунајтед со вредност од 661 милион фунти, потоа Барселона со 641 милион фунти, додека топ 5 го комплетира актуелниот англиски првак Челси, со вредност на тимот од 524 милиони фунти.

Можеби е изненадување, но европскиот шампион Реал Мадрид оправдано не се најде меѓу првите пет екипи бидејќи во последните неколку трансфер периоди отстапува од традицијата да се засилува со скапи фудбалски имиња. „Кралевите“ на листата се најдоа веднаш зад Челси со вредност на тимот од вкупно 439 милиони фунти.

 

 

Се вчитува...