Веќе нема никакви дилеми, Алисон Бекер ќе биде најновото засилување на Ливерул откако „црвените“ ги договорија сите детали од овој мегатрансфер. Бразилецот ќе стане најскап голман во фудбалската историја откако Рома ја прифати понудата неверојатни 73 милиони евра. Од оваа сума, актуелниот европски вицешампион ќе плати 68 милиони евра при самот трансфер, а останатите пет милиони се распоредени преку неколку клаузули.
По договорот меѓу клубовите дадено е зелено светло за разговор меѓу Ливерпул и Алисон, при што експресно беа договорени и личните услови, Бразилецот прифати петгодишен договор за плата од 5,5 милиони евра плус бонуси.
Британските медиуми најавуваат дека голманот до крајот на денешниот ден ќе отпатува за Англија, за утре му се закажани лекарските прегледи, по што ќе следи и официјализацијата на целиот трансфер.
Лорис Кариус со доаѓањето на Алисон ќе стане резервен голман по катастрофалното издание во финалето од ЛШ, додека се очекува Јирген Клоп да го продаде Белгиецот Симон Мињоле.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА