Челси е апсолутен лидер на најновата листа на најскапи тимови во европскиот фудбал што беше објавена денеска. Во неа во предвид се земаат и играчите кои се испратени на позајмица или настапуваат за Б-тимовите, а ако се знае дека Тод Боели по доаѓањето на чело на Челси потроши над една милијарда фунти јасно е дека „сините“ даваат богатство на трансфери, но и на плати на своите фудбалери.
Поради сето тоа, вредноста на тимот од „Стемфорд бриџ“ во оваа анализа е проценета на 1,28 милијарди евра. Она што е интересно Челси иако го има најскапиот тим нема да биде дел од Лигата на Шампионите сезонава, исто како и второпласираниот во ова рангирање – Манчестер Јунајтед со екипа од 1,03 милијарди евра. Веднаш зад Јунајтед се наоѓа градскиот ривал Манчестер Сити чиј тим е проценет на 1,01 милијарди евра.
Далеку под границата од една милијарда евра, на четвртото место е Аренал со 798 милиони евра, пред Тотенхем со 787 милини, ПСЖ со 772 милини и Ливерпул со 735 милиони евра.
Интересно, Реал Мадрид се наоѓа дури на осмото место, екипата на „кралевите“ за оваа сезона е проценета на 720 милиони евра, прд Њукасл со 683 и Јувентус со 626 милиони евра.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

