Најскапото промашување на Манчестер Јунајтед на дебито за новиот клуб доби МВП признание

Најскапото трансфер промашување во историјата на Манчестер Јунајтед, Бразилецот Ентони оваа зима се пресели во Реал Бетис каде на вчерашниот натпревар против Атлетик Билбао го имаше своето деби за кое го доби признанието за најдобар фудбалер на натпреварот од страна на Ла Лига.

Бетис и Атлетик Билбао ремизираа со 2-2, Ентони не постигна гол, ниту забележа асистенција, но за 72. минути поминати на теренот забележа добри доигрувања со соиграчите, а и беше опасен по противникот на десната страна.

Пофалба за одличното деби доби и од страна на навивачите на Реал Бетис кои изразија задоволство на социјалните мрежи.

Се вчитува...