Манчестер Сити е во трка за титулата во Премиер-лигата, а атмосферата во таборот на „граѓаните“ сериозно ја нарушува Ријад Марез, кој гласно побарал од Пеп Гвардиола да му даде повеќе шанси да ги покаже своите квалитети. Гвардиола повеќе од една година го следеше Марез и на крајот успеа да го ангажира за клуски рекорд од 65 милиони фунти, но Алжирецот воопшто не ги оправда очекувањата на актуелниот првак на Англија.
Тој добиваше повеќе шанси на стартот од сезонава, но како што се ближи финишот, така и минутажата на Марез драстично опаѓа. Британските медиуми јавуваат дека тој побарал трансфер, по што челниците на Сити сериозно размислуваат да го прифатат неговото барање.
Проблем ќе биде да се вратат вложените пари, со оглед на фактот дека вредноста на поранешниот фудбалер на Лестер осетно се намали во последните месеци. Сепак, Гвардиола сака екипа врз која ќе има тотален авторитет, а во ситуација кога Марез се заканува дека ќе го наруши тоа каталонскиот гигант сигурно ќе настојува што поскоро да се ослободи од овој фудбалер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА