Најслабиот клуб во светот со понуда до Меси – треба да застане пред огледало и да каже…

Лионел Меси од денеска за првпат во својата кариера е слободен играч, откако на 30 јуни и официјално истече неговиот договор со Барселона. Преговорите за Аргентинецот да остане на „Камп Ноу“ се во завршна фаза, гигантите воопшто не се обидуваат да му го сменат мислењето, но затоа на интересен потег се одлучи бразилскиот клуб Ибис Спорт, кој денеска преку социјалните мрежи ја објави официјалната понуда што ја испратил до агентот на асот на Барса.

Ибис Спорт е бразилски нисколигаш, воедно сопственик на најнеславниот Гинисов рекорд во фудбалската историја, од три години и 11 месеци без забележана победа, со што овој клуб го доби епитетот најслаб во светот.

Понудениот договор е смешен и полн со бројни клаузули, како на пример дека пред да потпише договор Меси ќе треба пред огледало трипати по ред да каже дека Пеле бил подобар фудбалер од Марадона, како продолжение на вечното ривалство меѓу Бразилците и Аргентинците.

Исто така, на Лео му е ставено до знаење дека нема да може да ја носи „десетката“ во Ибис Спорт бидејќи таа му припаѓа на миленикот на навивачот, Мауро Шампу, познат по „раскошната фризура“.

Понудениот договор е со важност од 15 години, а понудената плата е минимална, но со значајни клаузули во врска со постигнатите голови. Притоа, Меси мора да внимава да не постигне премногу голови, или не дај боже да освои трофеј, бидејќи според договорот тоа ќе му даде за право на клубот да му врачи отказ без да му ги исплати парите што му ги должи.

Се вчитува...