Жозе Мурињо во бројни наврати од стартот на сезонава во бројни ситуации се жалеше за судиски неправда против Фенербахче, но интересно ќе биде да се види каква ќе биде реакцијата на „специјалниот“ по вечерашниот меч со Ризе на кој Фенер се врати од 0-2 и славеше со 3-2 со огромна судиска помош.
Домаќините намалија од сомнителен пенал пред самиот крај на полувремето, при што беше исклучен и еден гостински фудбалер. Тоа беше само најава за трагикомедијата во вториот дел, кога можеше да се проследи еден од најсмешните црвени картони во историјата.
Гостинскиот фудбалер Гезил доби жолт картон за прекршок, по што веднаш беше повлечен од игра. Тој во обид да задржи време глумеше дека е повреден и куцајќи тргна кон аут-линијата, кога судијата му пријде и му покажа втор жолт картон, што значеше дека играчот кој го чекаше нема да може да влезе во игра.
Фенер знаеше како да ја искористи предноста од двајца фудбалери повеќе, постигна два гола и стигна до победата, која сигурно со денови ќе биде дискутирана во турската фудбалска јавност….
Трагикомичната ситуација од натпреварот во Истанбул можете да ја погледнете на ОВОЈ ЛИНК.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

