ВАР-технологијата треба да донесе поголема регуларност на фудбалските натпревари, но иако станува збор за „фудбалски технолошки изум“, сепак мора да постојат и луѓе кои што ќе знаат да ракуваат со него.
А во Гибралтар, очигледно такви луѓе нема, ако се суди по ВАР-линијата нацртана при постигнувањето на голот за Црвена Звезда на гостувањето против Линколн во квалификациите за Лигата на Шампионите.
Португалецот Дуарте беше стрелец на единствениот гол на мечот, веднаш беше јасно дека е „блиску“ до офсајд, но кога беше покажана ВАР-сликата и линијата која воопшто не е паралелна со онаа од шеснаесетникот…
Спорниот момент и смешната ВАР-графика од Гибралтар можете да ја погледнете на ОВОЈ ЛИНК.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

