Најсмешниот изговор на Тухел: Трениравме на снег, а игравме на сонце, тоа беше проблем…

Челси беше шокиран на домашен терен од Брентфорд, примајќи четири гола во второто полувреме за убедлив пораз од 1-4, најубедлив на домашен терен откако Томас Тухел се наоѓа на кормилото на клубот од „Стемфорд бриџ“.

Германецот беше разочаран од слабото издание на својот тим, но исто така и се надмина со изговорот за неуспехот, наведувајќи ги и временските промени како причина за очајната игра на Челси.

„Секако дека владее разочарување, особено поради добрите игри и резултати што ги имавме до пред репрезентативната пауза. Ни недостигаше сигурност во одбраната, не реагиравме на вистински начин и му дозволивме на противникот да го загрози нашиот гол. Исто така, последниот тренинг го одржавме со ракавици бидејќи врнеше снег. За време на мечот времето беше многу топло, тоа сигурно беше проблем за моите играчи“, прокоментира Тухел.

Се вчитува...