Најсмешните изговори на Жозе Мурињо

Поништениот гол на Златан Ибрахимовиќ беше повод Жозе Мурињо да побара внесување на технологија за утврдување на офсајд ситуации при постигнати погодоци. „Специјалниот“ е познат по оригиналните изговори по секој неуспех на своите тимови, а англиските медиуми одбраа дел од најсмешните коментари на Португалецот.

КРАВА

Можете да донесете крава на центарот на теренот и да го стопирате натпреварот. Бидејќи тоа не е дозволено, можете да се браните со десетмина, да „паркирате автобус“, или едноставно да не ја давате топката на екипата што напаѓа. Фудбал сигурно не се игра без топка“ – се пожали Мурињо по мечот со Њукасл, на кој децата крај аут-линијата бавно ги давале топките на неговите играчи.

РЕФЛЕКТОРИ

Мислам дека човекот кој се грижеше за рефлекторите заспал, па поради тоа спиеше и поголемиот дел од публиката. Беше мрак, сите се разбудија кога ние дадовме гол. Дури тогаш увидовме декане играме пред празен стадион“ – изјави Мурињо по тешко извојуваната победа во Лондон над Квинс парк ренџерс.

murinjo so sudija

ФИЗИОТЕРАПЕВТ

Кога играчот ќе се повреди, морате да процените дали навистина има проблем. Азар немаше, но мојот медицински тим реши да ме остави со осум играчи на теренот во моментот кога браневме резултат“ – сите добро се сеќаваме на Ева Карнеиро, кој потоа беше избркана од клубот, па ја доби судската битка со Мурињо и Челси.

ТЕРЕН

Не можам да ги обвинувам играчите, изгледа дека на овој терен е саден компир. Не игравме добро, но важно е дека победивме на овој терен“ – изјави по победата над Еспањол, додека седеше на клупата на Реал Мадрид.

НОВИНАРИ

Ваш омилен спорт во училиште мора да бил рагби“ – брутален е Мурињо кон новинарите кога му поставуваат прашања за неговата тактика кои не му се допаѓаат.

АНАЛИТИЧАРИ

Кога нешто не знаете за фудбалот, прашајте го Џејми Реднап, тој знаеше се. Неверојатен мозок, штета што не беше таков како играч, или што не стана тренер“ – омилена „мета“ на „специјалниот“ е Џејми Реднап.

murinjo derbi

УЕФАЛОНА

Ако ви кажам искрено како се чувствувам по вакви натпревари, би ме казниле до крајот на животот. Ако е Барселона толку силна екипа, зошто е потребна помош од Овребо, Бусала, Де Блекере и Штарк“ – една од бројните критики кон каталонскиот гигант, овојпат по елиминацијата од Барса во ЛШ.

ИНТЕЛЕКТУАЛНА ПРОСТИТУЦИЈА

Новинарите се интелектуални проститутки, бидејќи сакаат губитници“ – остар одговор кон италијанските новинари по ремито меѓу Рома и Интер во 2009 година (3-3) и критиките кон Марио Балотели за изглумениот пенал.

КУЧЕТО ИГУАИН И МАЧКАТА БЕНЗЕМА

Кога имате куче, тогаш одите на лов со негова помош. Јас немам куче, па морам со мачка во лов, што е многу потешко“ – Португалецот изрази жалење што во тимот ќе го нема Гонзало Игуаин, па ќе мора да се снаоѓа со Карим Бензема како предводник на нападот.

Се вчитува...