Неверојатна ситуација се случи на трката на 100 метри за време на државниот шампионат на Индија.
Пред самиот старт на трката, еден од атлетичарите само гледаше како сите седум негови противници во финалната трка на 100 метри оддеднаш исчезнуваат од патека појавувајќи се сосема сам на стартот, по што и победи без никаква конкуренција.
Но, Индиецот Лалит Кумар е единствениот кој сосема чист, онака спортски, излезе од овој скандал. Сите седум негови противници се повлекле откако виделе и дознале дека на стадионот се појавила антидопинг контролата.
Сите седум атлетичари истакнале дека се откажуваат од трката поради грчеви, но, според организаторите, вистината е една и единствена – спортистите се сокрија откако дознаа за присуството на службениците на индијската антидопинг агенција кои планирале контрола на најдобрите токму од таа трка.
A MUST WATCH VIDEO:
Finalists of 100mts Men were informed that Anti Doping officials would be collecting samples. Out of 8 finalists, only 1 showed up for the final. Cleaning sports is extremely important. Athletes should never resort to Doping. #cleansports #dopefreesports pic.twitter.com/gSqSaM27O2— masterofnone (@parthgoswami84) September 26, 2023
Сето тоа уште еднаш го потенцираше сериозниот проблем со допингот во кој се наоѓа индискиот спорт. Не е веќе никаква тајна дека голем број од индиските спортисти користат недозволени средства. Многу атлетичари и од другите дисциплини на државното првенство не се појавиле по дознавањето за присуството на антидопинг контролата, но ни една друга трка немала само еден учесник како што беше тоа на 100 метри…
At the U23 Athletics nationals in Delhi, some future prospects but also a reminder of what ails Indian athletics. At the washrooms at JLN stadium, plenty of discarded freshly used syringes in plain sight. National Anti Doping Agency office just a few hundred meters away fwiw. pic.twitter.com/T5GkFpPPgo
— jonathan selvaraj (@jon_selvaraj) September 29, 2021
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА