„Најстрашниот“ човек на планетата сега е непрепознатлив (ФОТО)

Холандскиот кикбоксер и ММА борец Алистер Оверем кој го има еден од најопасните и најсилните удари во историјата на боречките спортови целата своја кариера ја помина натпреварувајќи се во тешката дивизија, но неодмана доби суспензија откако беше позитивен на допинг по борбата со Бадр Хари.

Паузата од рингот очигледно не му дојде добро бидејќи фотографијата која се појави на социјалните мрежи го доловува во издание на кое не сме навикнати да го гледаме. Холанѓанецот е послаб отколку било кога па многумина и се запрашаа за што станува збор дали е тоа болест или ефект од стероидите.

 

Се вчитува...