Најталентираната македонска кошаркарка Ања Начевска потпиша договор со српски Мега баскет што ќе биде нејзино прво интернационално искуство.
Начевска ќе го има првиот интернационален ангажман, откако ги мина сите младински категории, се до сениорскиот состав на македонски Вардар.
На последното Европско првенство (Б-дивизија) во дресот на Македонија, Начевска беше статистички најдобар играч во сите категории, а одличните партии и го донесоа и трансферо во српскиот шампионат.
Мега Баскет во 2021 и 2024 година го освои Купот на Србија, во 2022 и 2023 беше финалист во натпреварувањето, а пред една сезона стигна и до шампионската титула.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

