Килијан Мбапе го одигра еден од најдобрите натпревари во својата кариера, постигна хет-трик на едно големо мундијалско финале, но и тоа беше недоволно за Франција да се задржи на тронот на светскиот фудбал.
А кога финалето заврши, сосема очекувано токму Мбапе беше најразочараниот на теренот, свесен за пропуштената шанса да се испише историја како само трета селекција што славела на два светски шампионати во низа.
Најпрвин остана срушен на теренот, го тешеа селекторот, соиграчите, па дури и претседателот Макрон, а потоа Килијан се пресели на клупата за резерви, ставајќи го дресот преку глава за да не ја гледа радоста на Аргентинците.
Како голем спортист, им честиташе на победниците, но сигурно кај Мбапе уште долго ќе остане тагатаза овој пораз.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА