Мексиканецот Жилберто Мартинез е во главна улога на најтажната приказна на овој мундијал. Тој е дојден во Русија со тројца пријатели, што воопшто не му беше планот кога ги купуваше билетите, сакајќи настапот на својата земја на СП да го следи со целото семејство, сопругата и двете деца, Диего (8) и Миа (6).
За жал, судбината сакаше тој да остане сам неколку месеци пред мундијалот откако членовите на семејството му загинаа во сообраќајна несреќа во САД, каде се наоѓаа во посета на роднини во Флорида.
Тој најпрвин сакал да ги откаже билетите, но потоа по консултациите со психијатар му било посочено дека најдобро за него ќе биде да ги повика своите најблиски пријатели да дојдат со него во Русија.
„Ми беше многу тешко да се јавам во авио-компанијата и во хотелите и да им ја објаснам ситуацијата, зошто барам промена на имињата во резервациите, а да не платам дополнителни пари. Луѓето покажаа разбирање“ – истакнува Жилберто.
Тој не сакаше да го менува планираниот начин на патување, па наместо со авион отпатува од Москва за Санкт Петербург со воз, бидејќи неговата сопруга сакаше го имаше испланирано патот. Исто така, неговиот син беше голем фан на Нејмар, ппа Жилберто само поради тоа купи билети за мечот Бразил – Костарика. Тој и неговите пријатели се појавија во Русија со маици на кои се испишани имињата на сопругата и на починатите деца, а најтажно е што неговиот Мексико ја победи Германија на „денот на татковците“.
„Ми беше многу тешко, толку силни емоции за време на голот, химната, на крајот од натпреварот. Голема победа што не можев да ја поделам со најблиските“ – низ солзи коментира Жилберто.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА