Ракометарите на Порто во голем стил стигнаа до нова титула во Португалија, без ниту еден претрпен пораз, но прославата на титулата мина во знакот на трагично починатиот голман Алфредо Кинтана, кој го загуби животот во текот на сезонава.
По мечот, нашиот голман Никола Митревски и неговите тимски колеги сите застанаа на линијата од девет метри, отпоздравувајќи кон голот на кој беше обесен дресот на Кинтана.
Порто денеска славеше над Агуас Санта со 35-32, што е 28. победа во низа сезонава за тимот на Митревски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

