Најтажниот гол во кариерата на Мбапе, посветен на Диого Жота

Килијан Мбапе влезе во игра во второто полувреме, а во судиското продолжение стрелаше прецизно за водство од 3-1 во победата на Реал Мадрид над Борусија Дортмунд во четвртфиналето од клупскиот мундијал.

Погодокот беше вистински еврогол, постигнат со ножички, но Мбапе не го прослави еуфорично, туку истиот му го посвети на Диого Жота, покажувајќи го бројот 20 со рацете пред камерата што се наоѓаше крај самиот агол од теренот.

Се вчитува...