Тиквеш и Работнички ја искористија оваа репрезентативна пауза за со пријателски меч да му оддадат почит на Андреј Лазаров, поранешниот фудбалер на овие две екипи што го загуби животот во големата трагедија во дискотеката „Пулс“ во Кочани.
Лазаров успеал да излезе од дискотеката, но потоа херојски се вратил за да спаси што повеќе животи при овој трагичен настан.
Дента по големата несреќа, фудбалерот почина во една од скопските клиники, оставајќи ја во шок целокупната спортска јавност.

Една година по неговата трагична смрт, Тиквеш и Работнички се погрижија споменот на Андреј Лазаров да остане, не само од фудбалски аспект, туку величејќи ја човечката големина на Андреј.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

