Судбината одлучи првиот натпревар на Партизан на домашен терен по ненадејната смрт на легендата на српската кошарка, Дејан Милојевиќ кој на 46-годишна возраст го загуби својот живот по срцев удар да биде токму против клубот со кој Милојевиќ го направи најголемиот успех во тренерската кариера, Мега.
Белградските тимови се среќаваат во 17. коло од АБА лигата, а српските медиуми го најавија како најтажен натпревар во историјата на српската кошарка и со право бидејќи пред почетокот на средбата сцените од „Штарк Арена“ се навистина трогателни.
Според офицјалните информации на АБА лигата, натпреварот го следат 21.136 гледачи, сите облечени во црно, а покрај видеото пред натпреварот сите громогласно го скандираа името на клупската легенда.
Partizan Belgrade fans pic.twitter.com/he3UP4CBCH
— Jonathan Givony (@DraftExpress) January 22, 2024
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА