Најтажниот роденден на Гасол – го славеше со ќерките на Коби Брајант

Пау Гасол во САД го прослави својот 40. роденден, а за локација избра место што е специјално за него – домот на поранешниот соиграч и долгогодишниот пријател Коби Брајант.

Шпанецот важеше за еден од најблиските пријатели што Коби ги имаше меѓу кошаркарите, не ги криеше солзите по трагичната смрт на Брајант, па сега реши својот специјален ден да го мине токму со Ванеса и со ќерките на Коби, Наталија, Бјанка Бела и Капри.

„Среќен 40. роденден, чичко Пау. Девојките Брајант те сакаат. Знам дека ако Коби беше тука, ќе ти кажеше: Среќен 40. роденден, Пабло“, напиша Ванеса Брајант, објавувајќи фотографии на својот инстаграм профил.

Се вчитува...