Најтажното простување со Квинтана – „Суперхероите“ му се поклонија на Алфредо (ФОТО)

Алфредо Квинтана почина денеска губејќи ја четиридневната битка откако голманот на Порто имаше срцев удар што остави последици и врз функционирањето на неговиот мозок. Светскиот ракомет денеска е завиен во црно по прераната смрт на 32-годишниот Кубанец кој настапуваше за репрезентацијата на Португалија.

Цел  ракометен свет се простува со португалскиот голман, а најтажна е анимацијата во која е претставен Квинтана на кого популарните Суперхерои на „Ди-си“ и „Марвел“ комикс му се поклонуваат на голманот.

 

Се вчитува...