Најтешкиот ден во животот на голманот на Барса: Од погреб на таткото во ист момент трчаше во болница на раѓање на неговото прво дете!

Шпанскиот голман Ињаки Пења ги минува најтешките месеци во својата играчка кариера, но за жал сето тоа испреплетено и со бурните моменти во животот, бидејќи голманот на Барселона зад себе имаше десет навистина тешки денови.

Пења се најде во центарот на вниманието на почетокот од сезоната кога сериозно се повреди Марк-Андре Тер Штеген, а потоа стана прв голман на Барселона. Тој беше на голот на Барселона во првиот дел од сезоната и имаше забележителни настапи, но на почетокот на годинава Пења исчезна од сцената бидејќи Ханси Флик одлучи Војчех Шчесни да биде прв голман на каталонскиот тим до крајот на сезоната.

Пења имаше две расправии со Флик во јануари кои целосно го оддалечија од тимот, а германскиот тренер му порача на голманот повеќе дека не смета на него и може да си бара нов клуб.

Покрај тоа што работите не му одат добро во Барселона, животот не беше љубезен кон овој голман ниту надвор од фудбалските терени. Шпанските медиуми пишуваат дека Пења веројатно ги имал најтешките десет дена во животот зад себе минувајќи низ вистински ролеркостер од емоции.

Минатата недела почина таткото на голманот, што беше една од причините за минута молчење на завчерашниот натпревар Барселона-Осасуна. А, погребот на таткото на Пена беше одржан во понеделникот и тоа истиот момент кога неговата Клаудија се породувала и на свет го донела нивното прво дете. Па, Пења итно од погреб трчал во болницата да биде со девојката и да го види своето дете.

26-годишниот голман за првпат го почувствува родителството само еден час откако го погребал својот татко.

Се вчитува...