Мајкл Џордан ќе остане запаметен во спортската историја како еден од најголемите победници што некогаш играле кошарка. Покрај бројните победи на теренот, на прсти можат да се избројат болните порази, но убедливо најбилниот пораз Џордан не го претрпе на терен, туку надвор од него, при разводот од својата прва сопруга Хуанита Ваној.
Тој се жени со Хуанита во 1989 година во Лас Вегас, додека таа беше бремена со Џефри. Низ годините парот доби уште две деца (Џефри 1988, Маркус 1990, Џасмин 1992), но во 2002 јавноста беше шокирана кога беше обелоденето дека се поднесени документи за развод. Како причина беа неведени бројните неверства на Џордан, но сопругата во последен момент го повлече барањето за развод. Сепак, разделбата стана реалност четири години подоцна, кога легендарниот кошаркар се согласи да и плати 168 милиони долари на Хуанита, како и неколку луксузни недвижни имоти.
Дека лекцијата од најтешкиот пораз е научена Џордан потврди во мај 2013 година, кога вторпат се ожени. Пред да стапне на „лудиот камен“ со Ивет Прието, тој потпиша предбрачен договор со кој се осигура да не му се повтори истото „фијаско“. Според договорот, Ивет во случај на развод ќе добие по еден милион долари за секоја година во брак со Мајкл, а доколку останат заедно повеќе од десет години, сумата ќе скокне на пет милиони долари годишно.
„Мајкл ја сака Ивет, но здравиот разум по она што му се случи со првиот брак го натера на предбрачен договор. Тој не сака да минува низ уште еден скап развод“, истакна близок пријател на Џордан.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА