Изминаа 25 години од трагичната смрт на легендата на колумбискиот фудбал Андрес Ескобар, кој на 22. јуни 1994 година на натпреварот на Светското првенство против САД постигна автогол.
Несреќниот потег пред својот гол, десет дена покасно Ескобар ќе го плати со животот. Тогашниот капитен на Колумбија, на 2. јули беше пред еден ноќен клуб во Богота, беше застрелан од членови на колумбиското подземје. Неговиот автогол ја запечати судбината на силната репрезентација на Колумбија, предводена од Валдерама, Фаустино Асприлја и Фреди Ринкон која важеше за еден од фаворитите за освојување на трофејот.
По враќањето во Колумбија, Ескобар не ги послуша советите на соиграчите некое време да се повлече од јавниот живот, бидејќи излезе на националната телевизија да се извини за автоголот со кој неговата репрезентација доживеа елиминација на Мундијалот. Неговата смрт означи крај на една славна генерација на колумбискиот фудбал, иако и во 1998 година успеаја да се пласираат на Светското првенство, до следен настап на Мундијалите тие чекаа 12 години.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА