Најцрниот ден во историјата на Манчестер јунајтед

На денешен ден пред 64 години се случи еден од најцрните денови во историја на светскиот фудбал. На 6. февруари во 15.04 часот се урна авионот на „Бритиш јуропиан ервејз“ на летот 609 при третиот обид за полетување од смрзнатата писта на аеродромот во Минхен.

Авионот го превезуваше фудбалскиот тим на Манчестер јунајтед, популарните „Бебиња на Безби“, заедно со неколку пријатели и новинари.

На летот беа 44 лица, а на лице место загинаа 20 од нив. Повредените беа префрлени во болница во Минхен каде починаа уште три лица.

Деветнаес годишниот Боби Чарлтон беше пронајде на 50 метри од авионот, а голманот Хери Крег стана херој. Успеа да извлече неколку од повредените од авионот, меѓу кои и Вера Лукиќ, сопруга на југословенски дипломат, заедно со нејзината ќерка Весна. Вера во тој момент била трудна, па затоа овој потег подоцна медиумите ќе го пренесат како најдобра одбрана во животот на Крег.

 

Се вчитува...