Најубавата бајка во Франција: Ленс сензационално ја заврши есента пред ПСЖ

Фудбалерите на Ленс ќе го завршат првиот дел од сезоната од француското првенство како лидери откако ја совладаа Ница со 2:0 на „Болар Делели“. 

Овој тим има одличен прв дел од сезоната. Фактот дека не играат во Европа им ја олеснува задачата, но исто така треба да се напомене дека загубија многу важни играчи на почетокот на сезоната.

Првото место над огромниот фаворит ПСЖ го обезбедија благодарение на шестиот триумф по ред. Ница падна благодарение на двата гола на Едуард во 15. и во 27. минута од средбата.

Првенството на Франција продолжува на 2. јануари, кога Ленс гостува кај Тулуз, а претходно ќе игра меч во Купот. До крајот има уште 18 кола во кои Ленс ќе треба да покаже дека неслучајно се наоѓа на лидерската позиција.

Се вчитува...