Најубавата спортистка на светот: Имав бројни непристојни понуди, но…

Нешто слично како Дарија Клишина, не е ни чудо информацијата дека и најубавата светска спортистка Алиса Шмит добивала бројни непристојни понуди. 21-годишната специјалистка за трки на 800 метри е прогласена за најсекси спортистка на светот, со повеќе од 800.000 следбеници на Инстаграм, па воопшто не зачудува фактот дека имала и неморални понуди, кои секако ги одбивала.

„Ми доаѓаат голем број непристојни понуди во приватни  пораки. Некогаш тоа ми е смешно, но повеќе не се оптоварувам. Фокусирана сум на спортот, и мислам дека сум интересна затоа што сум успешна а не само поради изгледот. На Инстаграм и многу други девојки поубави од мене, но мислам дека со изгледот на луѓето мора да им дадете и нешто друго интересно за да ве засакаат“ – вели Шмит.

Се вчитува...