Завршија возбудувањата во Лигата на шампионите со шеста европска круна за Ливерпул, а УЕФА веднаш по заокружувањето на сезоната ја објави и топ-листата од десетте најубави погодоци во изминатите девет месеци.
На врвот са наоѓа Кристијано Роналдо со прекрасниот погодок на дуелот со неговиот поранешен клуб Манчестер Јунајтед. Второпласиран е Лео Меси со евроголот од слободен удар во полуфиналето со Ливерпул, а третата позиција му припадна на Садио Мане и неговата мајсторија на реваншот од осминафиналето против Баерн Минхен.
Десетте најубави погодоци од Лигата на шампионите според изборот на УЕФА можете да ги погледнете на ОВОЈ ЛИНК.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА