Кога се ќе се сумира на крајот од организацијата на УЕФА Суперкупот 2017, неизбежно некако се издвои и највпечатливиот момент во дводневниот спектакл…
А тоа, без сомнение, е целокупната дружба на ѕвездите од Реал Мадрид и Манчестер јунајтед со децата од единственото државно училиште за ученици со оштетен слух „Партение Зографски“ од Скопје, исполнувајќи им го сонот да бидат до великани како Роналдо, Мурињо, Зидан, Погба, Иско, Рамос…
Овие дечиња настапија на свеченото отворање на Супер купот на УЕФА во Скопје, пред натпреварот Реал Мадрид-Манчестер јунајтед, и на знаковен јазик ја испеаја „Небо полно ѕвезди“ (Sky Full of Stars) од „Колдплеј“. Средношколците, заедно со уште пет мали деца кои се со оштетен слух и говор или имаат родители или брат и сестра кои се глувонеми, беа избрани за настапот од УЕФА Фондацијата, a настапија заедно со хорот Фалсето при Македонската опера и балет…
A truly amazing moment ?????️ #SuperCup #Diversity #Equality pic.twitter.com/S7qj8Rghdw
— UEFA Foundation (@UEFA_Foundation) August 8, 2017
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА