Полека но сигурно се смируваат страстите по последното дерби меѓу Барселона и Реал Мадрид, a Серхио Рамос се пофали со највредниот сувенир – дресот на Андрес Иниеста во кој шпанскиот генијалец го одигра своето последно „Ел Класико“.
„Без оглед што се случуваше на теренот, минатата вечер ќе биде запаметена по последното „Ел Класико“ на Иниеста. Ќе недостигаш, мој пријателе“, напиша Рамос на својот профил на социјалните мрежи, позирајќи со дресот на големиот ривал.
Más allá de lo sucedido en el terreno de juego, el de ayer será recordado como el #Clásico de @andresiniesta8, un clásico de verdad. Se te echará de menos, amigo
Beyond what happened on the pitch, last night’s will be remembered as Iniesta’s Clásico. You will be missed, my friend pic.twitter.com/WVzNQA7ugh— Sergio Ramos (@SergioRamos) May 7, 2018
Дресот имаше и специјална посвета од фудбалскиот генијалец за репрезентативниот колега.
„За мојот пријател Серхио, за многуте моменти заедно, и оние како ривали. Благодарам и среќно“ – му напиша Иниеста на својот дрес на Рамос пред да му го подари како сувенир.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА