Во пресрет на големиот европски спортски настан што ќе одржи во Македонија, Суперкупот на Европа меѓу Реал Мадрид и Манчестер јунајтед, фудбалските фанови од нашата земја ќе имаат прилика да се сликаат со највредните фудбалски пехари – Лига на Шампионите, Лига на Европа и Суперкуп на Европа.
На 1. август трите трофеи ќе бидат изложени во Тетово од 09.00 до 11.00 часот, а истиот ден можност да се фотографираат со пехарите ќе имаат граѓаните на Охрид, како и туристите кои ќе бидат во посета на градот.
На 2. август, големиот македонски празник Илинден, трофеите ќе бидат во Битола од 10.00 до 12.00 часот и во Прилеп од 18.00 до 20.00 часот.
На 3. август во Неготино од 10.00 до 12.00 часот и во Струмица од 18.00 до 20.00 часот. На 4. август во Штип од 10.00 до 12.00 часот и во Куманово од 18.00 до 20.00 часот.
На плоштадот „Македонија“ во Скопје, големите трофеи на УЕФА ќе бидат изложени на 7. (11.00 до 19.00) и 8. август од 11.00 до 16.00 часот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА