Најздодевниот преоден рок: Клубовите потрошија 300 милиони евра помалку од минатата година

Клубовите од Топ 5 европските лиги потрошија вкупно 649 милиони евра во зимскиот преоден рок. Најскап фудбалер е Пулишиќ кој Челси го купи од Борусија Дортмунд за 64 милиони евра, а колку за споредба минатогодишниот рекордер Кутињо чинеше – 135 милиони евра.

Европа го мина еден од најдосадните зимски преодни рокови. Регистрирани во Топ 5 лигите се вкупно 495 трансфери вредни 649 милиони евра, што е за 300 милиони евра помалку од минатата зима! Во глобала не се „тргуваше“ со големи ѕвезди, а поголемиот дел од фудбалерите главно се позајмувани.

Најскап фудбалер во овој преоден рок беше Кристијан Пулишиќ кој за 64 милиони евра се пресели од Борусија Дортмунд во Челси. Втор на листата е Леандро Паредес кој за 40 милиони евра мина од Зенит во ПСЖ, а потоа следат Кжиштов Пјонтек (од Џенова во Милан) и Лукас Пакет (од Фламенго во Милан) чии трансфери тежат по 35 милиони евра. Петти на листата е Пако Алкасер кој за 25 милиони евра се пресели од Барселона во Борусија Дортмунд.

Минатата зима клубовите за 574 трансфери потрошија 934 милиони евра. Најскап беше Кутињо во Барселона, а уште и Вирџил Ван Дијк и Лапорте вредеа повеќе од најскапиот овогодишен трансфер.

Се вчитува...