Наков победник во најмасовната класа на шампионатот на ридски патеки „Водно 2018“

Ѓорѓи Наков од АКК Никола Карев е победник во најмасовната класа (А-1150) на првата трка од шампионатот на ридски патеки која денеска се одржа на Водно во Скопје.

Ридско-брзинската трка се одржа во вкупно шест класи, а победници покрај Наков се и Зоран Делев (N-1400), Ванчо Мизовски (Е1-1600), Влатко Симоновски (Е1-2000), Давид Малинковски (N/Sp-2000) и Екрем Мемиши (E1+2000).

Во екипен пласман најдобар беше АКК Никола Карев со 26 бода пред АКК Автоклиника Спорт со 22 бода и АКК Примо АВЈ со 20 бода.

Дел од трката (ревијално) беше и македонскиот автомобилист Игор Стефановски-Иџе кој пред македонската публика го претстави автомобилот Hyndai подготвен по ТЦР спецификација со кој настапува во ТЦР Европскиот шампионат.

КОМПЛЕТНИТЕ РЕЗУЛТАТИ ОД ТРКАТА НА РИДСКИ ПАТЕКИ „ВОДНО 2018“

ЕКИПЕН ПЛАСМАН:

1. АКК НИКОЛА КАРЕВ 26 бода

2. АКК АВТОКЛИНИКА СПОРТ 22 бода

3. АКК ПРИМО АВЈ 20 бода

Се вчитува...