Наковска Бикова го освои златниот медал на Европското првенство во стрелање со воздушен пиштол

Оливера Наковска Бикова го освои златниот медал на Европското првенство во стрелање со воздушен пиштол кое се одржува во норвешкиот град Хамар.

Нашата трофејна спортистка се покажа во одлично издание на овој шампионат и заслужено го освои трофејот, еден од многуте во својата богата кариера.

Наковска Бикова е наш долгогодишен претставник на сите големи спортски натпреварувања, евроски и светски, како и на параолимписките игри.

Се вчитува...