Наковска Бикова, седма во Европа

Македонската параолимпијка Оливера Наковска Бикова го освои седмото место на Европското Првенство во стрелаштво што се одржа во Белград.

На овој шампионат имаше над 100 спортисти од 27 различни држави, а останува да се жали што Македонката не стигна до медал. Имено, таа се пласираше во финалето со трет најдобар резултат (559 кругови), но потоа имаше нешто послаби стрелби и на крајот падна на седмата позиција.

Александар Јовановски забележа личен рекорд од 550 кругови и го освои 13. место во конкуренција на 26 натпреварувачи, а Ванчо Каранфилов со 546 кругови беше седумнаесетти.

Се вчитува...