Наковски волеј ја освои титулата во женскиот одбојкарски куп на Македонија откако денеска во трилер финалето во пет сета на Ф4 турнирот кој се игра во Радовиш славеше над Јанта волеј со 3-2, по сетови (16-25, 25-18, 10-25, 25-21 и 15-13.
Откако двете екипи си поделија по два сета наизменично по еден, натпреварот замина во тај-брејкот каде за нијанса подобри беа одбојкарките на Наковски волеј кои славеа со 15-13.
Ова е прва титула за Наковски волеј во Купот на Македонија.
Во машкото финале кое е закажано со почеток во 19 часот ќе се сретнат УГД Штип и Струмица 47&72.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА