Актуелниот куп-освојувач, екипата на Наковски Волеј останува единствената непоразена во најсилното домашно женско друштво откако во дерби дуелот од 7. коло од Првата лига жени, со максимални 3-0 (18:25, 22:25, 20:25) го победи Работнички Скопје во СЦ “Борис Трајковски” во Скопје.
Гостинките делуваа поконкретни и подисциплинирани и во полето и на мрежата и заслужено ја продолжуваат победничката серија.
Наковски Волеј со овие три бода го превзема врвот на табелата во Првата лига жени.
Останатите натпревари од седмото коло кај дамите во кои се среќаваат Младост УГД и Јанта Волеј КВ, Струмица жени и Ускана, Фит Фан Волеј и Пелистер Волеј, како и Газели Волеј со Вардар ЕМ се играат в сабота.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

