Македонскиот спорт во моментов се наоѓа пред умирање и не постои доктор кој може да го спаси. Место квалитетни натпревари ние насекаде низ државава гледаме само еден обичен циркус.
Екипата на Јанта Волеј излезе со обвинувања дека тренерот и одбојкарките биле физички нападнати на вчерашниот меч против Наковски Волеј, а од струмичкиот тим денеска стигна демант.
Целиот демант на Наковски Волеј ви го пренесуваме во продолжение:
„Јаневиќ и се е можно !
Да не го знаевме почитуваниот Горан Јаневиќ немаше да не изненади, но одбојкарската јавност добро го познава стратегот на Јанта кој на постојано ,, мирен “ настап на секој важен натпревар. Па така и на вчерашниот на кој бевме домаќини. Без културно и спортско однесување и постојани провокации и пцовки кон таборот на домакинот Наковски волеј се обиде да направи инцидент за што не му успеа. Но за жал освен тој неговото ,,примерно“ однесување го копирале и дел од одбојкарките се со цел да се направи тензија и неуспехот и поразот да го препишат на закани, уцени и притисоци.
Како клуб молчевме но дефинитивно вчерашното однесување на Јаневиќ и дел од неговиот табор ја прелија чашата.
Најодговорно тврдиме дека се неосновани обвинувањата на тимот на Јанта дека имало физички напад врз тренерите и врз одбојкарките во Струмица додека траеше натпреварот. Како домаќини имавме обезбедено полициска заштита и се беше под контрола. Навивачите навиваа и натпреварот се одвиваше во спортска атмосфера!
Изјавата од Јанта волеј дека нашиот тренер Хари Наковски има нападнато одбојкарка на Јанта и тоа струмичанка е крајно неосновано, напротив играчката од Јанта – Фасулева смечира накај тренерот Хари и пцуе што може да се види и од самата снимка од натпреварот. А не е првпат бидејки камерите ја имаат уловено токму оваа одбојкарка со среден прст кон Наковски и поранешните соиграчки, однесување кое го немаше додека беше во Наковски волеј туку откако премина во Јанта.Сите добро знаат дека единствено кога се игра со Јанта Волеј, сите натпревари се тензични со расправии и провокации посебно кога играат на свој терен. Зошто? Па сите одбојкарски работници го знаат убаво ,,доброто и примерно однесување“ на стратегот на овој клуб. За нашите мечеви со Јанта и да не зборуваме посебно кога сме гости. Контуинирани вербални напади како од тренерите, така и од одбојкарките на Јанта Волеј кон таборот на Наковски волеј но и кон публиката во Струмица.
Каде беше Горан Јаневиќ и Јанта да реагира за натпреварот во Скопје сала Дуња, кога девојките на Наковски волеј играа на гостински терен, без полиција и никакво обезбедување. Тоа е должност на домаќинската екипа, но Јанта како крајно неодговорни немаа обезбедено никаква заштита. Наместо тоа, тој ја нападна вербално нашата одбојкарка Хаџитосева, со пцуење и навреди и налет за физички напад, што не наликуваат на еден спортист и спортски работник. Напротив имаа повикано членови од фамилијата единствено и „единствено“ вербално да напаѓаат играчки. На тоа му претходи инцидентот повторно во Скопје кога одбојкарките од младинска конкуренција играа во сала „Парк“ во Скопје, пред само 3 дена, кога еден од навивачите имаше обид и за физички напад врз Хаџитосева, но тренерите на Наковски успеја да ја одбранат. Сето тоа се случуваше на терен, повторно без никакво полициско обезбедување. Хаџитосева беше вербално напаѓана во текот на целата утакмица како од тренерите така и од „публиката“ – фамилијата на Јанта. Освен Хаџитосева обид за физички напад имаше и кон други одбојкарки за што како тренери моравме да ги штитеме нашите девојки…
Од видеото во прилог може да се види во каков амбиент и услови се игра кога девојките на Наковски волеј играат на гости во Скопје, со Јанта волеј.
-Видео –
-Исечок од инцидентот во прилог
Јанта Волеј е причина за сите инциденти во одбојкарското државно првенство ! Не поминува натпревар а нивните одбојкарки и тренери да не добијат жолти и црвени картони! Тоа е евидентно и може да се потврди !
Јанта волеј е единствена екипа која има конфликти и инциденти со секоја екипа од првенството а сега посебно против Наковски волеј кој е во налет да ја оствари и втората победа за пласман во големото финале од шампионатот.
Јаневиќ и се е можно!“, стои во демантот од Наковски Волеј.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА