Налог за апсење на Даниел Стариџ поради награда за најдено куче

Поранешниот голгетер на Ливерпул и Челси, Даниел Стариџ, се соочува со сериозни законски проблеми откако во Лос Анџелес е издаден налог за негово апсење

Причината е бизарна – неисполнување на даденото ветување на Стариџ дека добро ќе го награди пронаоѓачот нанеговото куче, кое беше загубено во 2019 година. Американскиот рапер Кила Фејм се пофали дека го нашол кучето, но и обелодени дека Стариџ не го исполнил ветувањето за наградата.

Тој почна цивилна постапка против фудбалерот, а судот во Лос Анџелес пресуди дека Стариџ  треба да плати 30.000 долари. Стариџ не поднесе жалба на пресудата, но и не ја исплати сумата што беше наредена од судот, по што беша закажано ново рочиште на кое тој требаше да се појави и да поднесе докази за својата финансиска состојба.

Даниел Стариџ ја игнорираше и оваа судска одлука, по што беше издаден налог за негово апсење…

„Јас потрошив над 10.000 долари само за моите адвокати во случајот. Судот пресуди, но Даниел Стариџ очигледно мисли дека затоа што е богат, исто така е и над законот. Судијата издаде налог за апсење, верувам дека сега тој ќе мора да ги плати парите“, изјави раперот Фејм.

Се вчитува...