Дисциплинската комисија при Премиер-лигата делумно ја прифати жалбата на Евертон по изречената санкција – одземање на десет бода од премиерлигаката табела, намалувајќи ја изречената казна за клубот од „Гудисон Парк“.
Англиската јавност изврши притисок за што побрзо да биде донесена одлука по жалбата поднесена пред два месеци, за денеска да биде обелоденето дека казната на Евертон се намалува од десет на шест бода.
Ова ќе значи и скок на Евертон на табелата и бегство од опасната зона, „карамелите“ со вратените четири сега ќе имаат вкупно 25 бода на 15. место на табелата, пет повеќе во однос на Лутон кој е на 18. позиција која значи и преселба во понизок ранг на натпреварување.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА