Ракометарите на Работник во одличен меч славеа на дерби дуелот од Супер-лигата, на гостински терен против Охрид со резултат 23-29. Битолскиот тим охрабрен од одличната игра и историскиот пласман во Челинџ-купот вечерва одигра уште еден беспрекорен натпревар, заслужено стигнувајќи до цел плен.
Првото полувреме мина во израмнета игра, а гостите заминаа нa одмор со предност од 12-14, откако Ојлевски погоди од контранапад, а охриѓани во финишот од првото полувреме не искористија два напади со ракометар повеќе. Отпорот на домашниот тим беше скршен на почетокот од второто полувреме, кога Работник одигра одлично во нападот, а во преден план беше Дрогришки, кој набрзина постигна три погодоци. Тренерот на Охрид, Андоновски, побара тајмаут при 16-19, домаќините се обидоа и со „седум на шест“, но одбраната на Работник поставена од Илија Темелковски функционираше одлично, па гостите од Битола заслужено триумфираа со убедливи 23-29.
Работник со овој триумф се израмни со Охрид на делба на третото место со вкупно 19 бода, со тоа што битолскиот клуб има и натпревар помалку.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА