Наместо на ЛОИ во Париз заврши во болница: Сонот е завршен за хрватската гимнастичарка Ана Џерек

Олимписката гимнастичарка Ана Џерек со солзи и слики од болничкиот кревет објави крај на кариерата пред Олимписките игри во Париз. Таа неодамна се здоби со тешка повреда на левата потколеница и очигледно е дека не само што нема шанси да се подготви навреме за Париз, туку е во прашање и нејзината кариера.

Видовме нејзина фотографија од болничкиот кревет, а потоа и видео како плаче. Учесничка на Олимписките игри во Рио 2016 и Токио 2021 година, со само 25 години е многу блиску до завршување на кариерата.

„До мојот омилен спорт, те сакам, но како можеш да бидеш брутален. Ти благодарам за лекциите, скршените срца, убавите времиња и победите, но завршив“, напиша Џерек на инстаграм. 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ana Đerek (@anaderek5)

Се вчитува...