Наместо на Силверстоун во Германија: Ф1 во расправија со Борис Џонсон

Организацијата на двете потенцијални Формула 1 трки на патеката „Силверстоун“ во Велика Британија повторно е пред предзвик. Откако конечно ги заклучија преговорите и распределбата на парите, беше договорено на легендарната патека да се одржат две натпреварувања и со тоа да биде надоместена некоја од откажаните Ф1 трки.

Сепак сега за Ф1 и за организаторите на трката се појавува нов проблем. Затоа тие му поставуваат ултиматум на британскиот премиер, Борис Џонсон. Или ќе дозволи исклучок, да нема карантин за сите вклучени во трката кои ќе влезат во државата или ќе нема трки. Џонсон најави двонеделен карантин за сите странци што ќе влезат во Велика Британија.

Британскиот премиер бил експресно информиран за ваквата ситуација и се очекува наскоро да донесе одлука. Ако не биде постигна договор, Ф1 трките ќе ги пресели на „Хокенхајм“ во Германија. Оваа држава имаше најлабави мерки за борба против коронавирусот и прва дозволи враќање на фудбалот.

Се вчитува...