Нова црна дамка беше оставена на дерби дуелите меѓу Работнички и МЗТ Скопје, дуелот што требаше да ја врати вербата во мак-баскетот, игран пред полни трибини и две навивачки групи.
И двете екипи се покажаа во добро светло на теренот, но тоа од сегашна перспектива малку значи кога впечатокот го расипаа – навивачите. Мотивирани од фактот дека одамна не биле дел од ова дерби, и едните и другите поголем дел од енергијата го потрошија за негативна енергија кон ривалот, наместо за бодрење на своите миленици.
И се случи она што се случи – она што никој не го посакуваше, празникот на кошарката се претвори во фијаско, за што ќе мора да има и сериозни санкции – за еднаш засекогаш да се стави крај на ваквите инциденти во мак-кошарката.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА