Фенербахче и Галатасарај требаше вечерва да ги одмерат силите во рамките од Супер-купот на Турција, дуел што беше закажан на стадионот на Ал Наср во Саудиска Арабија и требаше да претставува спектакл.
Наместо тоа, се случи скандал, па двата турски гиганта го откажаа учеството на натпреварот, и тоа поради чудното инсистирање на домаќинот. Имено, протоколот на Турската федерација налагаше фудбалерите на двете екипи да се појават пред почетокот во маици со ликот на Кемал Ататурк, за на тој начин да ја одбележат стогодишнината од постоењето на модерната турска држава.
Неочекувано, властите во Саудиска Арабија забранија такво нешто, во последните неколку часа се водеа преговори, но откако Саудијците не отстапија од својот став, раководствата на Фенербахче и на Галатасарај заеднички одлучија да не го играат Супер-купот во оваа држава.
Двете екипи во наредните часови со чартер-летови ќе си заминат од Саудиска Арабија, а дополнително ќе биде утврден новиот термин и местото на одигрување на овој натпревар.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА