Наместо спортска фешта – политичко фијаско: Мечот Бразил – Аргентина прекинат само што почна (ВИДЕО)

Натпреварот помеѓу Бразил и Аргентина од 6. коло од квалификациите за Светското првенство 2022 требаше да биде вистинска фудбалска класика, но наместо фешта се случи драма.

Имено, во седмата минута од натпреварот официјални лица од Министерството за Здравство на Бразил влетаа на теренот и го прекинаа мечот поради играчи во аргентинската репрезентација кои доаѓаат од Англија (Мартинез, Буендиа, Ромеро и Ло Селсо).

Како потсетување, Бразил забрани настап на фудбалери за овој меч од англиското првенство без истите да поминат во карантин како мерка за заштита од ширење на Ковид-19.

Се вчитува...