Само еден ден по завршувањето на најкатастрофалната сезона на Реал Мадрид во последните триесетина години, „кралевите“ го повлекоа и првиот конкретен потег.
За многумина изненадувачки, Тони Крос денеска потпиша нов договор со Реал, со кој германскиот играч за врска ќе остане на „Сантијаго Бернабеу“ најмалку до јуни 2023 година. Германецот беше еден од играчите за кои се шпекулираше дека барал да си замине во летниот преоден рок, но не само што тоа нема да се случи, туку поранешниот играч на Баерн со новиот развој на настаните уште долго ќе го носи дресот на најтрофејниот европски клуб.
Останувањето на Крос значи дека ќе нема целосен ремонт во средниот ред на „кралевите“, со оглед на фактот дека Лука Модриќ летово сигурно ќе го напушти Реал. Зидан бара две нови засилувања за овој дел од тимот, со Погба и Ериксен како приоритети и Пјаниќ како „План Б“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА